Популарниот повеќеплатформаски репродуктор на мултимедиски содржини VLC, во својата четврта верзија би можел да добие неколку впечатливи новости. Некои од нив се претставени на FOSDEM 2019 (Free and Open Source Developers European Meeting) конференцијата, а најголемата промена ќе биде целосно новиот и помодерен кориснички интерфејс.
Интерфејсот ќе биде прилагоден специфично на секоја поедина платфрома на која е достапен VLC, од верзијата за Windows 10, која ќе наликува на Windows апликацијата, преку интерфејсот прилагоден на Android и iOS уредите, до интерфејсот прилагоден на различните Linux графички интерфејси, како што се GNOME и KDE.
Тука се и другите новитети како поддршката за 3D и VR функционалности, протоколот за графички приказ Wayland, SMBv2 i SMBv3 протоколи, AirPlay излез и рендерирање преку UPnP група протоколи.