Минатата година во Европа се продадени 15.6 милиони возила, речиси идентично како во 2017 година, но интересно е тоа што се менува соодносот на погонските системи.
Најголемиот дел од „колачот“ и понатаму го имаат автомобилите со бензински погон или 57% од продажбата на сите возила во Европа.
На второ место се уште се дизел возилата, со продадени 5,59 милиони единици, но тоа е пад од 18% во споредба со претходната година.
Од друга страна, автомобилите со алтернативни напојувања (хибриди, plug-in хибриди и електрични возила) сочинуваат 6.1% од пазарот со 994.800 продадени единици.
Најпопуларни се хибридите со 555.000 продадени возила, што претставува зголемување од 24%, но најголемиот раст во продажбата сепак го имаат чисто електричните возила.
Во 2018 година, на Стариот континент биле испорачани 195.000 EV автомобили, што претставува зголемување од 47% во продажбата.
Извор: Додај Гас
Поврзани артикли