Управата на американската социјална мрежа Facebook соопшти дека по грешка му забранила на Музејот за уметност и историја во Женева да користи слики од статуи како дел од промотивната кампања за претстојна изложба.
Музејот во Женева вчера објави дека Facebook им ја забранил објавата на фотографии од две статуи, речиси голата Венера и стауа од гол, клекнат маж. Музејот испратил протестна нота поради забраната, бидејќи и двете статуи се дел од изложбата.
Од Facebook соопштија дека фотографиите поствени на социјалната мрежа се повторно видливи за корисниците и се извинија за настанатата грешка.
Музејот промовира изложба насловена како „Цезар и Рона“, која ќе биде отворена во петок.