Шефицата на малопродажба и една од најдобро платените директори на Apple, ќе замине од компанијата во април оваа година, а веќе доби и своја наследничка.
Од Apple доцна синоќа објавија дека на местото на раководител на својот малопродажен оддел ќе ја постават досегашната потпретседателка на одделот наречен Retail+People (продавници и луѓе), Деирдре О’Брајан. Причината за овој кадровски потег е фактот дека сегашната шефица за продавниците на Apple, Анџела Арендс одлучила да замине од компанијата.
Анџела Арендс пристигна во Apple пред нешто повеќе од пет години, пред што беше на позицијата генерална директорка на модната куќа Burberry. Во Apple беше задолжена за редизајн на физичките продавници ширум светот, но и за онлајн трговијата. Нејзината основна плата изнесуваше околу милион долари годишно, но многу повеќе од тоа заработуваше од останати бонуси и додатоци, па некое време беше најдобро платена директорка во компанијата.
Благодарение на тоа, Forbes во 2015. година ја прогласи за 25. најмоќна жена во светот, а моментно богатството и се проценува на 150 милиони долари.
A bittersweet set of announcements today. Angela, we thank you for all you’ve done to inspire and energize our teams. Deirdre, we can think of no one better to lead our stores and all of Apple’s people in their mission to change lives for the better. pic.twitter.com/PekF8rU9Qe
— Tim Cook (@tim_cook) February 6, 2019
Анџела Арендс својата позиција во Apple ќе ја напушти во април и потоа планира да се посвети на “некои нови лични и бизнис цели”. Тим Кук јавно и се заблагодари на се што направила за компанијата и и посака се најдобро во иднина. Истовремено со оваа објава, ја најави и нејзината наследничка, која од април ќе мора да се грижи за растечката малопродажна мрежа од 506 физички и 35 онлајн продавници на пет континенти