Смеењето можеби е најдобриот лек при операција на мозокот

Невролозите при Медицинскиот факултет во Емори откриле фокусна патека во мозокот преку која електричната стимулација предизвикува непосредна смеја, проследено со чувство на смиреност и среќа, дури и кога пациентот е буден за време на операција на мозокот, пишува Science Daily.

Ефектите од стимулацијата биле забележани кај пациент со епилепсија, подложен на мониторинг за дијагностицирање на напади. Овие ефекти потоа биле искористени за да им помогнат на докторите два дена подоцна да завршат одделна операција на мозок на буден пациент.

Ефектите на однесувањето на директната електрична стимулација исто така биле потврдени кај два други пациенти со епилепсија, подложени на дијагностички мониторинг.

Неврохирурзите при Емори ја сметаат оваа техника како “потенцијално трансформативен“ начин за смирување на некои будни пациенти за време на операција на мозокот, дури и за луѓето кои не се особено вознемирени. За оптимална заштита на критичните функции на мозокот за време на ваква операција, пациентите можеби ќе треба да бидат будни и да не седат, така што лекарите ќе можат да разговараат со нив, да ги проценат нивните јазични вештини и да детектираат оштетувања кои можат да произлезат од ресекцијата.

“Дури и добро подготвени будно пациенти може да паничат за време на операцијата, што може да биде опасно“, вели водечкиот автор Кели Биџанки, асистент професор по неврохирургија. “Овој конкретен пациент беше особено склон кон тоа поради умерена основна анксиозност, а по будењето од генералната анестезија, тој навистина почна да паничи. Но, кога ја вклучивме стимулацијата, тој веднаш пријави дека е среќен и релаксиран, почна да прави шеги за своето семејство, и успешно ја толерираше бучната постапка“, додава Биџанки.