Дека Sony на големо работи на петтото издание на славната конзола, повеќе не е никаква тајна. Моментално се оди кон тоа дека лансирањето на новата генерација конзоли ќе се случи некаде на есен 2020-та година.
Неодамна дознавме и дека Sony веќе работи на подготовка на неколку ексклузивни игри за PS5, бидејќи, да бидеме реални, тоа е тоа што продава конзоли и тоа поради што PS4 толку доминирал во оваа генерација.
Уште една убава вест ни дојде овој викенд, и тоа пред официјално да биде најавен PlayStation 5. Имено, Sony Japan регистрирал патент кој овозможува непречена компатабилност меѓу PS5 и постарите конзоли.
Идејата за патентираната технологија е да му овозможи процесорот на идните PS5 конзоли верно и речиси идентично да ја емулира работата на постарите конзоли, за постарите игри да се движат како да ги играте на матичните конзоли, без никакви проблеми и лоша синхронизација.
Просто кажани, процесорот во PS5 без проблем ќе може да ја имитира работата на постарите конзоли така што ќе ги “препознава потребите” на игрите и ќе влегува во режим на работа во склад со тие потреби.
https://www.youtube.com/watch?v=E0k0N8GsWQI
Ова е одлична вест за сите луѓе кои поседуваат голема колекција на стари игри и кои планираат да купат “PS5”, бидејќи нема да мора да имаат наредено 3-4 конзоли покрај телевизорот, туку секој наслов ќе можат да го играат на идното “PS5”.
Извор: B92.net
Поврзани артикли