На денешен ден пред 15 години Марк Цукерберг го лансира Facebook од својата соба на Универзитетот Харвард. Од тогаш до денес Facebook направи големи чекори кон остварување на сонот на Цукерберг да го поврзе светот, но притоа направи и големи грешки.
Социјалната мрежа основана пред 15 години во студентската соба на Марк оствари незамислив успех и привлече 2,3 милијарди корисници. Но во последно време се појавуваат сè повеќе критики дека социјалната мрежа е повеќе насочена кон раст отколку кон заштита на корисниците.
„Сега Facebook е многу моќна компанија која создаде многу привлечен производ од кој многумина станаа зависни“, вели аналитичарот Џош Берноф. Поради тоа, додава тој, компанијата има голема одговорност.
Facebook лани го следеа низа скандали поврзани со заштитата на податоците и прекршување на приватноста на корисниците.
„По низата предизвици во 2018 година Facebook повеќе не го фалат поради иновативноста. Сега го критикуваат“, вели аналитичарката Дебра Ахо Вилијамсон.
Закерберг (34) и понатаму тврди дека Facebook не ги продавал податоците на своите корисници и дека може да му се верува. Компанијата признава дека мора да направи повеќе за да ја врати довербата, па вложи милијарди долари во безбедноста и има 30 000 луѓе кои работат само на тоа.
„Фејсбук“ лани имаше рекордна добивка од 22 милијарди долари. 46,7 отсто од корисниците на интернет, односно нешто повеќе од 23 отсто од светската популација користи Facebook, па постои простор за уште поголемо ширење на компанијата.
Само дигиталниот гигант „Гугл“ има поголеми приходи од Facebook од огласување на интернет. Facebook е сопственик и на апликациите „Месинџер“, „Инстаграм“, „Вотсап“, од кои секоја има по повеќе од милијарда корисници.