Над Куба, близу туристичкото место Виналес и делови од провинцијата Пинар дел Рио, вчера експлодирал метеор. Експлозијата се слушнала и во Хавана. Делови од метеорот паднале на тлото, а некои од нив се со големина на мобилен телефон. Засега нема повредени, а неколку очевидци што ја снимиле експлозијата велат дека виделе огнена топка и чад на небото, по што почнал „дожд“ од црни камења.
Државните медиуми пренесуваат дека се работи за природен феномен и демантираат дека се урнал авион. Властите на Куба, истовремено соопштија и дека е испратен тим од експерти во областа. Тие веќе собрале примероци од метеорот и парчињата се однесени на анализа.