Германската канцеларка, Ангела Меркел, го гаси својот профил на „Фејсбук“, но јасно стави до знаење дека сè уште има начини да го следи интернетот.
„Познато е дека веќе не ја водам ЦДУ (Христијанско-демократската унија) и тоа e причината што ја затворам мојата Фејсбук-страница“, рече таа во видеото објавено на социјалната мрежа.
Сепак, Меркел додаде дека останува канцеларка, што значи дека нејзината работа и натаму ќе се документира на владината Фејсбук-страница.
„Или можете да ме следите на ‘Инстаграм’“, додаде таа.
„Сакам да ви се заблагодарам на сите за големата поддршка што ми ја дадовте преку ‘Фејсбук’“, рече таа на почетокот на кусиот видеоклип додавајќи: „Ви благодарам на сите“.
https://www.facebook.com/AngelaMerkel/videos/1366162043526554/