На површина од 9.500 м2 и преку 300 паркинг места се гради првиот Retail park во Скопје.
По пример на Европските градови, свој Retail Park за неколку месеци ќе добие и Скопје. Паркот се наоѓа во општината Чаир – Бутел, на местото на некогашната фабрика Типо и е позциониран на достапна локација, помеѓу два булевара кои се стратешка комуникациска точка помеѓу скопските населби Центар, Карпош, Бутел и Чаир.
На површина од 9.500 м2 и купувачите ќе ги сретнат познатите модни брендови, потоа трговски ланци за техничка стока како и продавници за покуќнина и мебел. Дел од Retail park-от ќе бидат добропознатите брендови НЕПТУН, JYSK, LC Waikiki, Sport Vision KFC, ZEGIN. Исто така, во паркот се планираат и супемаркет, банка, кафетерија, ресторан и игротека за деца на 2.500 м2.
„Долго време Скопје чекаше проект од ваков карактер, интересот за закуп на простор во проектот е голем. Посветено работиме и со нетрпение го очекуваме отворањето”, изјави Катарина Николов, од Cushman and Wakefield/FortonМКА.
Инвеститор на објектот е компанијата Али Тобако од Скопје, а отварањето е предвидено за јуни, 2019 година.