На годинашниот саем CES во Лас Вегас, Garmin најави соработка со германската автомобилска компанија Daimler AG. Во рамките на оваа соработка, Daimler ќе претстави Mercedes-Benz верзија на Garmin vívoactive 3 GPS паметниот часовник наменет за сопствениците на возилата на Mercedes-Benz. Кога часовникот е поврзан со мобилната апликација Mercedes me-App, корисниците ќе можат да го следат нивото на стрес и бројот на отчукувања на срцето и да овозможат поудобно и посигурно возење.
“Со гордост ја воведуваме нашата стручност од подрачјето на носечката технологија во Mercedes-Benz возилата преку ENERGIZING контрола на удобност”, изјави Мет Ман, Извршниот директор на Garmin automotive.