Астрономите открија небесно тело со радиус од 1,3 километри на крајот на Сончевиот Систем, што на некој начин, беше предвидено пред 70-на години, но досега зародиш на планета во нашиот систем конкретно не е забележан.
Вселенското тело се наоѓа на 30-55 астрономски единици оддалечено од Сонцето, близу, но вон Орбитата на Нептун. Астрономската единица е средното растојание помеѓу Земјата и Сонцето т.е. должина еднаква на 149.597.870,7 километри.
Научниците сметаат дека појасот познат под името Еџворт-Којперов Појас, се состои од остатоци од формирањето на планетите. Поради малото количество сончева светлина, астероидите и кометите во тој дел на Сончевиот Систем си останале какви што биле и пред милијарди години.
Според научниците откривањето на ова небесно тело ја потврдува хипотезата, според којашто така наречени планети во зародиш достигнуваат мал размер во раната фаза на својот развој и потоа брзо ја зголемуваат својата маса.
Поврзани артикли