Паркинг роботот Stan ни покажува како во иднина може да изгледа паркирањето на големи паркиралишта
Еден од најголемите аеродроми во Велика Британија, Gatwick, наскоро ќе започне со тестирање на паркинг-робот кој целосно може да го промени начинот на кој во иднина ќе ги паркираме автомобилите на големи паркиралишта. Наместо барање слободно место за паркинг кое што може да биде далеку од влезот на зградата на аеродромот и по враќањето од патот, барање на паркираното возило, грижата за тоа ќе биде оставена на роботи.
Пред пристигнувањето на аеродромот, корисниците преку апликација во својот паметен телефон ќе го резервираат своето место на паркингот на аеродромот, а потоа ќе добијат известување за влезот на кој треба да се појават. Таму ќе ги дочека Stan, мал, но паметен автономен робот задолжен за возилото, на кој ќе го препуштат возилото.
Роботот Stan со помош на сензори ќе го анализира возилото и неговите димензии, малку ќе го подигне и ќе го однесе на претходно резервираното место. Бидејќи во возилото нема луѓе кои треба да излезат од автомобилот и да ја отворат вратата, автомобилите можат да се паркираат поблиску еден до друг, заштедувајќи простор. На пр. на паркингот во Gatwick, кој во моментот е предвиден за паркирање на 170 автомобили, по почетокот на користење на роботот Stan ќе биде во можност да прими дури 270 возила, што јасно покажува колку простор може да се спаси со помош на роботите и технологијата развиена од страна на француската компанија Stanley Robotics.
Секако, роботите за паркирање ќе можат да се користат и на други големи паркиралишта освен аеродромските, и со тоа луѓето ќе заштедат на време, а паркиралиштата ќе овозможат паркинг место за повеќе возила. Ќе биде интересно да се види како ќе оди тестирањето – дали се ќе оди така лесно како во приложеното видео, или можеби ќе има проблем со оштетување на возилата при нивното подигање и спуштање, или како роботите ќе се однесуваат во возење за да се избегне судир со други автомобили или роботи.
Извори: Zimo.hr / Digital Trends
Поврзани артикли