Продолжената поддршка за Windows 7 завршува за помалку од една година, што значи дека програмерите би можеле да престанат да развиваат апликациии и да ги поддржуваат сервисите за оперативниот систем. Еден ваков пример е и самиот Microsoft, кој го отстранува Windows Media Player од Windows 7, како и Windows Media Center од Windows 7, 8 и 8.1.
Microsoft тивко ја ажурираше документацијата за поддршка на 26. јануари, истакнувајќи дека metadata нема да биде апдејтуван на медиа плеерите во Windows 7, како што се Windows Media Player и Media Center. Microsoft истакнува дека одлуката е базирана во однос на “повратните информации на корисниците и податоците за употреба”.
Потребно е да се напомене дека престанокот на поддршка за функцијата не влијае на Windows Media Player во Windows 10. Покрај ова, под влијание не се наоѓаат ни поголемите функции, како што се репродукција, навигација и стриминг, така што многу корисници нема ни да забележат дека некои постари оперативни системи повеќе не се поддржани.