LG ќе им се приклучи на компаниите кои што ќе нудат телефони со екрани на преклопување, но на еден поинаков начин.
Наводно LG ќе лансира паметен телефон, чиј што назив се уште е непознат, кој ќе има опција за додавање на уште еден екран. Тоа ќе биде можно преку еден нов вид на футрола која ќе содржи дополнителен екран.
Футролата, односно вториот екран би требало автоматски да се поврзува со постоечкиот и со тоа практично двојно ќе се зголеми површината на екранот.
Можно е овој телефон да биде претставен на Mobile World Congress во Барселона идниот месец, но не е познато дали ќе ја носи ознаката G8, затоа што постои шанса тој назив да го добие некој конвенционален паметен телефон на оваа компанија.
G7 серијата на LG има одлични карактеристики, но некако „потона во морето“ на новите модели кои што на пазарот ги пласираше конкуренцијата во изминатата година.
Поради тоа, корејската компанија сега ќе се обиде со својата креативност повторно да го привлече вниманието на купувачите, а појавата на телефонот со два екрани, од кои едниот екран може по потреба и да се отстрани, е навистина интересен потег.
Извор: PC Press