Меѓународната група на научници кои го проучувале реголитот, донесен од Месечината од страна на екипажот на Аполо 14, велат дека во него пронашле примероци кои ги има и на нашава планета. Научниците објавија дека во месечевата земја има фулзитни подлоги со цирконски зрна.
Во една нова студија, астрофизичарите ги проучувале реголите што биле донесени од Месечината во 1971 година. Анализата покажа дека почва содржи зрна од кварц, фелдспар и циркон со вкупна тежина од околу 2 грама.
Овие карпи речиси и не се наоѓаат толку често на Месечината, за разлика од Земјата.
„По спроведување на лабораториски хемиски анализи, заклучивме дека минералите кристализираат под услови како на Земјата поради густината на притисокот во атмосферата“, велат авторите на студијата.
Најверојатно овие минерали се појавиле на нашата планета пред околу 4,1 милијарди години на длабочина од повеќе од 19 километри. Авторите на делото не се сигурни дека новите податоци ќе бидат прифатени од научната заедница.
Поврзани артикли