Брифингот на компанијата Huawei пред саемот MWC 2019 во Барселона се фокусираше на новиот Balong 5000 5G модем и хардверот на компанијата за базни станици. Меѓутоа, се појавија и интересни информации за тоа дека Huawei во текот на Мобилниот конгрес ќе претстави свој 5G телефон.
И не само тоа, покрај тоа што ќе има 5G поддршка, споменатиот уред ќе биде свитлив, односно флексибилен 5G смартфон. Тоа би требало да биде прв уред од овој тип, освен доколку Samsung претходно не објави уред со слични карактеристики (свитливиот Galaxy телефон би требало да има 5G конекција, но тоа официјално не е потврдено).
Флексибилниот 5G телефон на Huawei ќе користи Kirin 980 чипсет во комбинација со Balong 5000 модемот. Слајдовите сугерираат дека во Барселона ќе бидат претставени повеќе од еден 5G телефон, но само еден од нив ќе биде на превиткување.
Доколку сакате, целосната вчерашна презентација на Huawei можете да ја погледнете тука.