Кинески научници клонирале генетички изменет макаки мајмун за истражување на нарушувањето на циркадискиот ритам кој се поврзува со проблеми со спиењето, депресија и Алцхајмерова болест.
Ова е првпат генетички модифициран мајмун да биде извор за повеќе клонови за потреби на биомедицинско истражување. Клоновите дошле на свет во Институтот за невронаука во Кинеската академија за наука во Шангај.
За донатор е избран генетички модифициран мајмун со најизразена склоност кон нарушувањата на циркадискиот ритам. Од фибробластите на донорот се одгледани пет клона, извести кинеската новинска агенција Шјинхуа, повикувајќи се на научното списание National Science Review.
Според пишувањата на „Чајна дејли“, клоновите ќе овозможат понатамошни истражувања на таквите здравствени проблеми кај луѓето, кои денес спаѓаат во најголемите предизвици на подрачјето на менталното здравје.
Клонираните мајмуни веќе покажуваат знаци на „негативно однесување“, вклучително и нарушување на спиењето, зголемено ниво на тешкотии и облици на однесувања слични на шизофренија.
Шјинхуа, пак, истакнува дека програмата е во согласност со меѓународните етички стандарди за истражувања кои се спроведуваат на животни, додавајќи дека реализацијата ја надгледува и панел за етика.
Извор: Vecernji List