1. Искористете го потенцијалот на вашата Instagram-биографија
Ако сте деловен корисник и барате дополнителен начин на кој би можеле да се истакнете, задолжително фрлете поглед на описот на вашиот профил. Во рамките на биографијата можете да додадете сѐ – од официјалната интернет-страница до повик на иницијатива или акција.
2. Верувале или не, времето на објавување е важно (ако сакате лајкови)
Пред да објавите фотографија на Instagram, водете сметка за неколку работи: кому ја испраќате и кога мислите дека тие се активни на Instagram. Мнозинството корисници апликацијата ја користат наутро и навечер или на пат од работа кон дома или од училиште.
3. Сте размислувале ли за уредување на фотографијата пред да ја објавите?
Иако „Инстаграм“ има низа корисни алатки за средување на фотографиите, максималниот потенцијал ќе го извлечете со комбинирање на функциите на оваа апликација со функциите на надворешни апликации. Најдобри примери за апликации што можат да ви ги разубават фотографиите се „Squaready — Instagram Layouter“ (за автоматско форматирање на фотографиите пред објавување на „Инстаграм“), „Picfx“ (има еден куп ефекти и рамки) и „Camera+“ (за приспособување на светлината, контрастот и бистрината на фотографиите).
4. Внимателно избирајте ги хаштазите
Изборот на најдобрите тагови за вашите објави може да влијае врз нивниот успех. Ако одбирате тагови што се генерички, постои шанса вашата објава да наиде на мала реакција. Ако сакате да бидете лукави, комбинирајте неколку популарни и неколку специфични хаштази за да дојдете до таргет-публиката.
Исто така, експертите препорачуваат да има помалку од седум хаштази.
5. Не плашете се да поставите прашања
Со воведувањето на опцијата „Прашања“, Instagram воведе уште еден иновативен начин на комуникација меѓу корисниците. Тие функции му даваат можност на секој корисник да поставува прашања и да добие одговор.
6. Сакате повеќе следбеници? Бидете активни
Ако сакате да ги забавувате вашите следбеници, морате релативно често да објавувате нова содржина. Се препорачува тоа да е еднаш дневно. Ова не значи дека морате да објавите десет фотографии дневно, туку една или две на еден до два дена. Ако долго не објавувате, би можеле да останете без следбеници.
7. Линкови на продавниците во Story
Неодамна Instagram воведе можност за поврзување на продавниците со помош на посебни тагови за шопинг. Според една неодамнешна анкета, еден од тројца корисници секој ден се интересира за бренд што го видел во стори.
8. Препорачани објави
9. Поминувате ли премногу време на Instagram? Проверете!
10. Пронајдете нешто за себе со тематските канали
Со воведувањето на тематските канали во функцијата „Explore“, Instagram им даде можност на корисниците да сурфаат низ содржини и профили кои не ги следат, што значи дека можете да погледнете некои содржини кои би можеле да ве заинтересираат, како и содржини поврзани со некоја специфична тема. На Instagram има многу интересни корисници за кои веројатно никогаш немате слушнато.