GE одлучи во Холандија оваа година да подигне ветротурбина со височина од дури 260 метри и капацитет од 12 мегавати
General Electric го објави својот план, ова лето да почне со изградбата на првата, прототипна ветерница за производство на електрична енергија, која според своите димензии ќе престигне било која друга изработена во светот. Оваа гигантска ветролектрана, наречена Haliade-X, ќе послужи за тестирање на концептот, кој во целост би требало да заживее и да пристигне во комерцијална употреба во 2021. година.
Ветерницата на GE ќе биде висока 260 метри, ако се мери од тлото до највисокиот врв, кој го допираат нејзините лопатки. За споредба, од компанијата велат дека тоа е три пати повеќе од Статуата на слободата и речиси споредливо со височината на Ајфеловата кула. Лопатките кои ќе ја покренуваат турбината ќе имаат вкупен распон од 220 метри, а при вртењето ќе пребришат површина од речиси неверојатни 38.000 квадратни метри.
Капацитетот на оваа ветротурбина, кога еднаш ќе почне да произведува електрична енергија од ветарот, ќе биде 12 мегавати, а годишно се проценува дека во Северното море би можела да произведе околу 67 GWh струја – двојно повеќе од најмоќниот актуелен модел на General Electric. Се проценува дека на споменатата локација би можела да произведе околу 63 проценти електрична енергија, во споредба со теоретскиот максимален годишен капацитет, што е околу 5 до 7 проецентни поени повеќе од конкуренцијата.
Во проектот Haliade-X, филијалата на General Electric, GE Renewable Energy планира вкупно да вложи 400 милиони долари, а на овој прототип ќе отиде само помал дел од оваа сума.
Поврзани артикли