Доколку спаѓате меѓу оние кои не ја користеле Facebook апликацијата Moments за управување и споделување фотографии и видеа на социјалните мрежи – не сте единствен. Facebook објави дека на 25. февруари ќе ја згасне Moments апликацијата, а ова и поради тоа што не ја користеа доволен број луѓе.
Оние кои имаат колекција, која сакаат да ја сочуваат, можат да посетат некои од специјализираните фото сајтови пред мај, 2019. година и да ги експортираат своите фотографии и видеа, било како приватен Facebook албум или како download.
Ваквиот потег не значи и крај на се она што го претставува Moments. Официјалните лица на Facebook истакнуваат дека компанијата ќе продолжи да нуди начини на кои корисниците можат да ги сочуваат сеќавањата и битните настани. Меѓутоа, ова укажува на престанок на постоењето на најдиректниот обид на Facebook да се натпреварува со Google Photos сервисот.
Гаснењето на апликацијата, исто така, укажува на се почестиот проблем со кој се соочува Facebook, а тоа е тешкотијата корисниците да ги наатера да инвестираат во користење апликации, кои не спаѓаат во основната понуда на компанијата. Во претходните години беа изгасени апликациите како што се Paper, Lifestage и слични, а сето ова поради слабиот интерес на корисниците.
Поврзани артикли