Компанијата Amazon во 2018 година потрошила рекордни 14,19 милиони долари на лобирање во владата на САД.
Големите технолошки компании особено се занимавале со проблемите со приватноста, имиграцијата и новите даноци. Прашањата од интерес за Amazon вклучувале и планови за здравствена заштита, цени на лековите и сигурност на храната за кои се разговарало со Управата за храна и лекови и други федерални тела.
Google и Facebook исто така во вторник објавија дека минатата година ги собориле сопствените рекорди во трошењето на лобирање.
Извор: Bizlife.rs