По ретровизорите, од сцената може да исчезне уште еден дел од возилата, но и да добијат уште побесмислена и покомплицирана замена.
Едноставното решение, како што е ретровизорот, ќе биде заменето со камери кои проектираат слики на посебни екрани во салонот и со своето комплицирано решение нудат оправдување за понатамошните зголемувања на цените.
Но, јапонскиот производител одлучил да поработи на уште еден детал. Се до популаризација на клима уредите, класичниот покрив или популарниот кровен шибер беше еден од најпосакуваните делови во опремата. И најексклузивни, бидејќи возењето со раката истурена низ отворот беше прашање на статус, исто како што денес е шетањето со гаџети од кои свети некое лого, на пример јаболко.
Со текот на годините класичните кровни отвори излегоа од мода, но сè попопуларни стануваа транспарентните сегменти на покривот. Производителите се натпреваруваа со што поголеми површини, а само неколку стаклени кровови нудеа можност за отворање.
Целиот текст може да го прочитате на Додај Гас