LG најави специјален настан на Мобилниот конгрес во Барселона. Ќе се одржи на 24 февруари под слоганот „Збогум на допирот“.
Корејската компанија, исто така, објави кратко водео кој подразбира дека управувањето на уредот ќе биде со гестови за кои нема потреба да се допира екранот, но ќе се извршуваат над него.
Се разбира, ова не е нешто што досега не е видено, а таквата контрола беше дел од интерфејсот на голем број на Samsung уреди во минатото.
Очигледно, LG подготвува нешто ново и различно што ќе биде претставено во Барселона.
Јужнокорејската компанија на MWC се очекува да го претстави и својот нов предводник LG G8 и можеби паметен телефон со дисплеј на преклопување, но веројатноста за вториот е мала.
https://youtu.be/JhCDpO2UZsA