Компанијата Sony е последна во низата јапонски компании што одлучија да ги преселат своите седишта од Велика Британија во некоја друга европска земја, со цел да ги избегнат последиците од брегзит.
Компанијата соопшти дека со ваквиот потег ќе ги избегне царинските проблеми кои се поврзани со напуштањето на ЕУ. Но, покрај овој потег Sony нема да го премести и својот персонал и ќе престане да работи во постојните филијали во Велика Британија.
Велика Британија има намера да ја напушти ЕУ на крајот од март, но двете страни сè уште немат постигнато договор на кој начин ќе се спроведе брегзитот.
За време на неодамнешната посета на Велика Британија, јапонскиот премиер, Шинзо Абе, изрази загриженост во врска со брегзит без договор со ЕУ, предупредувајќи дека тоа би можело да им наштети на јапонските компании кои вработуваат до 150.000 луѓе во Велика Британија.