Кинескиот научник Хе Јианкуи, кој тврди дека ги направил првите генетички модифицирани бебиња, сериозно ги прекрши државните прописи, стои во резултатите на истрагата објавена од страна на државните медиуми во понеделникот, објави „Њујорк тајмс”.
Иследниците, исто така, заклучија дека него, но и оние што му помогнале во работата, веројатно ги чека кривична пријава. Тие велат дека истражувањето го направил барајќи слава и богатство за себе. Се вели дека ја заобиколил контролата и сам собрал средства и го организирал својот тим. Истрагата покажа дека Хе со својот тим ги сменил ембрионите и дека една жена во ноември ги родила близначките Лулу и Нана, а дека друга била бремена.
Тој на форумот за човечки геном во Хонгконг изјавил дека потенцијално постои уште една бременост во која учествува друга двојка. Со истрага е потврдено постоењето на другата мајка и дека таа жена уште е бремена, јавила официјалната кинеска агенција „Синхуа“.
Оваа жена и девојчињата од првата бременост ќе бидат ставени под медицински надзор, рекол еден истражувач. Со истрагата е утврдено дека Хе „ги фалсификувал документите за етичка оценка“ и „намерно ја избегнал супервизијата“, се додава во извештајот.
A preliminary investigation into the claimed "genetically edited babies" shows that Chinese researcher He Jiankui had defied government bans and conducted the research in the pursuit of personal fame and gain https://t.co/z8CsiCxQ0D pic.twitter.com/VAa8BFBfRY
— China Xinhua News (@XHNews) January 21, 2019
Сите жени доброволно учествувале во експериментот. За време на истрагата, Хе беше под надзор на Универзитетот во Шенжен, а Универзитетот во понеделникот објави дека ги прекинуваат неговиот договор, колегиуми и истражувачки активности.
Хе со својата постапка, која многумина ја нарекуваат „играње на Бог”, покрај власта, ги разбранува научните кругови и предизвика незадоволство кај научниците, колегите истражувачи, но и теолозите.