Вулканот Попокатепетл во централниот дел на Мексико повторно се активира исфрлајќи пепел и вжарени камења три километри во воздухот заедно со облаци од чад, кои се движат кон околните градови, соопшти денеска мексиканската служба за цивилна заштита.
Службата соошти дека вжарени камења и пепел паѓаат во области оддалечени два километра од вулканот, па и во населени области североисточно од Попокатепетл, објави агенцијата АП.
Околу 25 милиони луѓе живеат во радиус од 100 километри од кратерот на овој стратовулкан, кој е висок 5.426 метри.
Ерупции на вулканот Попокатепетл периодично се случуваат од 1994 година, пренесува агенцијата.
Извор: Макфакс
Поврзани артикли