Апликацијата за испраќање на пораки WhatsApp од денеска го ограничи до пет бројот на корисници или групи на кои може да им се прати една истата порака, соопшти заменик претседателот за комуникации на компанијата, Викторија Грант.
Раководител за комуникации на WhatsApp, Карл Вуг соопшти дека апликацијата денеска ќе го објави и неопходното надградување.
Тоа ќе биде достапно прво за корисниците на опертаивниот систем Android, а потоа и на iOS.
WhatsApp лани веќе ја ограничи функцијата за препраќање на пораки, кога бројот на луѓе или групи низ целиот свет на кои може да им се испрати истата содржина беше намален од 250 на 20.
Компанијата соопшти дека ораничувањето е со цел да се запре некотролираното ширење на гласини, лажни вести, манипулација со фотографии, како и видео и аудио без контекст.
Поради системите за заштита, пораките, фотографиите и видеата испратено преку оваа апликација се недостапни за независна контрола, ниту за самата компанија.
На пример, оваа функција во Индија веќе е ограничена до пет корисници или групи откако имаше повеќе случаи на линчување поради гласините за киднапирање на деца кои се проширија преку апликацијата.
Ватсап е во сопственост на социјалната мрежа Facebook и апликацијата ја користат околу 1,5 милијарди луѓе.