Компанијата Microsoft во декември има намера да ја заврши поддршката за уредите кои го користат оперативниот систем Windows 10 Mobile.
Microsoft уште во 2017. година соопшти дека повеќе не развива нови можности, ниту хардвер за Windows 10 Mobile, но безбедносните и софтверски апдејти се продолжени. Меѓутоа, дури и на безбедносните надградби им доаѓа крајот, а во целост ќе бидат укинати на 10. декември оваа година, кога официјално завршува поддршката.
Компанијата сега им препорачува на кориснците на Windows 10 Mobile да преминат на уредите со оперативниот систем iOS или Android. Откако Microsoft ќе ја прекине поддршката во декември, бекапот на уредите за подесување и некои апликации ќе биде продолжен уште три месеци, односно до 10. март, 2022. година. Microsoft истакнува дека некои услуги, вклучувајќи го аплоудот на фотографии и restore опциите би можеле да функционираат уште 12 месеци по укинувањето на поддршката.