Американски научници создадоа нова криптовалута која, според нивните тврдења, работи над илјада пати побрзо од биткоин – најпопуларната во моментов криптовалута. „Убиецот“ на биткоин се нарекува јунит-и (Unit-e) и е дело на тим од МИТ, Стенфорд и Калифорнискиот универзитет, Беркли.
Проектот јунит-и се финансира од непрофитната организација Distributed Technology Research (DTR), во која влегуваат претставници на седум главни универзитети во САД, соопшти „Блумберг“. Новата криптовалута е првата иницијатива на DTR, која се одржува, исто така и од инвестицискиот блокчеин-фонд Pantera Capital.
Виртуелната валута јунит-и ги надминува биткоин, етериум и останатите актуелни криптовалути. Нејзините креатори успеале во решавањето на задачата за постигнување на голема брзина на функционирање на системот. Дигиталната валута може да обработува до 10.000 трансакции во секунда.
За споредба, мрежата на биткоин процесира 7 трансакции во секунда, што го прави еден од најбавните во својот сегмент. Етереум достигнува 30 трансакции во секунда. Со други зборови, актуелните криптовалути отстапуваат силно по перформанси од традиционалните платежни системи – Visa, на пример, обработува 1.700 трансакции во секунда.
Бавната работа на биткоин, особено, е резултат од првично утврдените во системот технолошки карактеристики, вкл. ограничувања на максималната големина и брзина за креирање на нови блокови.
Авторите на проектот јунит-и го решиле проблемот со скалабилноста и објавиле препораки за подобрување на мрежите за криптовалути, кои можат да се искористат од останатите програмери за усовршување на актуелните криптовалути.
Поврзани артикли