Познатиот американски производител на рачни часовници Fosiil најави продажба на својата технологија за производство на паметни часовници на интернет гигантот Google.
Бизнисот е “тежок” 40 милиони долари. Како што е најавено, работниците на Fossil, кои работеле на паметните часовници, ќе станат вработени во Google.
Паметниот часовник на Google, Pixel Watch, како и Pixel смартфоните поседува отворен оперативен систем. Но, бидејќи пазарот на носечки уреди се уште не заживеа како пазарот на паметните телефони, ни самиот Wear OS не е многу распространет.
Google acquires ‘select’ Wear OS-related IP, some R&D staff from Fossil in $40M deal https://t.co/FK4oJz4ga0 by @technacity pic.twitter.com/J3S8d095qa
— 9to5Google.com (@9to5Google) January 17, 2019
Изборот на Google за Fossil за партнер не е лош потег, бидејќи оваа компанија константно развива квалитетни производи наменети за фитнес, кои притоа имаат многу прифатливи цени.
На пазарот на паметни часовници моментно доминира Apple, додека зад врат му дишат Fitbit и Samsung. Меѓутоа, секој од овие производители донекаде цели на различни сегменти од пазарот.
Google buys undisclosed smartwatch technology from Fossil for $40 million, includes some personnel https://t.co/OCtrWpsDAU pic.twitter.com/MbzGATZTqJ
— Android Police (@AndroidPolice) January 17, 2019
Сето тоа, на Google му го намалува маневарскиот простор за вклучување во трката. А за да успее во тоа, неговиот паметен часовник ќе мора некако да се разликува од конкуренцијата.
Веројатно во тоа и лежи причината поради која изборот на партнер паднаа на Fosiil, познат како производител кој знае и умее да направи добар и квалитетен рачен часовник.