Научниците пресметале дека за време на нашите животи во просек трошиме 374 дена чекајќи на испорака на некои од производите кои сме ги нарачале.
Сега производителот од Штутгарт на своите клиенти, преку апликацијата Mercedes.me, односно алатката Joyful Anticipation, на своите клиенти им овозможува процесот на производство да го следат и во реално време.
Новата услуга што ја нуди Mercedes претставува единствено искуство кое клиентот може да го доживее со користење на компјутер, таблет или паметен телефон. Со користење на личен профил во апликацијата Mercedes, корисниците во Германија треба да се пријават, а потоа и да го внесат бројот на нарачката.
Покрај добиените информации за возилото, корисниците ќе добијат увид и во различните фази на производството почнувајќи од планирање на производството, изработка на каросерија, фарбање на возилото, контрола на квалитетот и планираната испорака. Услугата вклучува и понуда за посебни услови за осигурување, ваучери за разни видови на услуги…
Извор: Додај Гас