Произведувачот на електрични автомобили Tesla денеска објави дека ќе укине неколку илјади работни места во настојувањата да ги намали трошоците и да остане профитабиле додека го развива производството на својот клучен производ, Моделот 3 седан.
Tesla мора да почне со такви намалувања во текот на следните месеци, бидејќи го убрзува производството на варијанти на Моделот 3 и вложува во инженерски подобрувања во производството. Не постои друг начин“ напишал на блогот на компанијата, извршниот директор на Tesla, Елон Маск.
Компанијата соопштила дека бројот на вработени на неопределно, ќе го намали за околу 7 отсто, додека на оние на определено и на договор ќе остане само на најнужните.