Конзолата е лансирана уште во 2013 година и оттогаш ги надминува рекордите во продажбата и доминира над сите останати ривалски производи. Секако, станува збор за Sony Playstation 4.
Со тоа Playstation 4 наскоро би требало да ја достигне бројката од 100 милиони продадени единици ширум светот, бидејќи од лансирањето во 2013 година па до денес се продадени над 92 милиони конзоли.
Покрај тоа, и бројот на месечните корисници на платформата Playstation бележи константен пораст, а кон крајот на ноември 2018 година надмина број од 90 милиони. Од друга страна, Xbox One не објавил информации за бројот на продадени единици уште од 2015 година, но според извештаите за приходите на компанијата е утврдено дека во јануари 2016 година се продадени нешто повеќе од 19 милиони единици.
Nintendo Switch од лансирањето во март 2017 година се продадени дури 23 милиони единици, а Playstation 4 убедливо води на гејмерскиот пазар.
Експертите проценуваат дека Sony до моментот кога ривалските компании ќе му се приближат, тој веќе ќе го лансира Playstation 5 што ќе му донесе дополнителна предност во однос на останатите.
Извор: B92.net