Легендарниот смартфон Motorola RAZR, според пишувањето на The Wall Street Journal се враќа на пазарот.
Се работи за паметен телефон кој ќе чини 1500 долари, а кој би требало да се појави веќе во февруари.
Првиот RAZR е еден од легендарните телефони било кога произведени, а се чини дека компанијата Lenovo, во чија сопственост е Motorola, сака финансиски да ја искористи популарноста и на пазарот да пласира модел на преклопување.
Конкретни информации за уредот нема, како што е големината на екранот, спецификациите и формата. Не е познато само дали ќе го позајми името RAZR и ќе користи модерен склоплив екран или Леново ќе го следи оригиналниот дизајн и ќе искористи долг вертикален дисплеј на преклоп.
Ова не е прв пат да се зборува за оживувањето на RAZR брендот. Motorola тоа го направи со Verizon пред неколку години и ја креираше серијата уреди Droid RAZR, но без преклопен дизајн.
Враќањето на стариот дизајн на смартфон во модерни форми станува тренд. Nokia, која е во сопственост на HMD, на пазарот ги пласираше моделите 3310 и 8110, но тие беа наменети за забава и носталгичарите, а не за натпревар со флегшип смартфоните.
Lenovo се надева дека ќе произведе повеќе од 200.000 примероци на моделот RAZR, а секој од нив ќе чини 1.500 долари. Многу поевтиниот RAZR V3 модел е продаден во 130 милиони примероци.