И покрај драстичното зголемување на продажбата на Tesla Model 3, NISSAN Leaf е сеуште најпродаваниот електричен автомобил во светот со 380.000 продадени примероци. Сега пред нас е новата верзија.
Втората генерација на Leaf доби и Plus издание, односно Leaf e + кој донесува подобрување во секој поглед. Капацитетот на батеријата е зголемен на 62 kWh, а со тоа и автономијата на одлични 363 km или речиси една третина повеќе од стандардната верзија. Обновен е и електричниот погон кој сега испорачува 217 КС и 340 Nm што е значително повеќе од основната верзија.
Помоќниот погон ја амортизира дополнителната маса, а во Nissan велат дека максималната брзина е зголемена за околу 10%. Истото процентуално подобрување важи и за таканареченото меѓу забрзување помеѓу 80 и 120 km/h. Полнењето на батеријата сега е можно и преку најмоќните полначници до 100 kW.
Извор: Додај Гас