Facebook ќе инвестира 300 милиони долари во следните три години во локални новински агенции во светот, откако компанијата долго беше критикувана за улогата на социјалната мрежа во уништувањето на традиционалните медиуми ширум светот.
Инвестицијата предвидува значително проширување на планот за помош на новинските компании во САД и во странство за креирање и поддршка на одржливи бизнис-модели, соопштија денес од Facebook.
За разлика од претходните инвестиции на компанијата во новинарскиот бизнис, сегашниот потфат се одликува со тоа што не е поврзан со производи на на самата мрежа. Претходните инвестиции во новинарскиот бизнис ги охрабруваа издавачите да се потпираат на обезбедување на своите производи преку Facebook., што на крајот наштети на многу новински организации кога стратегиите на социјалната мрежа се променија.
Facebook ќе продолжи да се бори и со лажните вести, дезинформациите и нискоквалитетните вести, изјави потпретседателот на компанијата за глобални новинарски партнерства, Кембел Браун, цитиран од агенциите. Според неговите зборови, „Фејсбук“ има можност и одговорност да им помогне на локалните информативни организации да се развиваат и да растат.
Првиот круг од инвестиции во САД ќе помогне за распоредување на ресурсите за локални репортажи, во истражувањето на тоа како технологијата може да се користи за подобрување на пронаоѓањето на вести и создавање на нови производи, за бирање на „практиканти-новинари од заедницата“ и нивното вклучување во локалните новински служби.
Иницијативата ќе помогне исто за финансирањето на програма за вклучување на 1.000 новинари во локални новински редакции во период од пет години. Меѓу примателите на инвестиции „Центар Пулицер“ (Pulitzer Center), „Репортажа за Америка“ (Report for America), Фондот за локално трансформирање на локалните вести „Најт-Ленфест“ (Knight-Lenfest Local News Transformation Fund), „Локалната медиумска асоцијација и Локалниот медиумски конзорциум“ (Local Media Association and Local Media Consortium), „Проект за американско новинарство“ (American Journalism Project) и „Проект за вести на заедницата“ (Community News Project)
Поврзани артикли