Интересен извештај е објавен на страниците на блогот Mac Otakara, кој сугерира дека Apple планира да го отфрли својот Lightning порт на идните iPhone модели и наместо него да имплементира стандарден USB-C конектор.
Според инсајдерските извори на сајтот, инженерите на компанијата Apple веќе работат на референтниот дизајн, но тој можеби нема да пристигне на годинашните (iPhone 2019) модели и би можел да се појави на iPhone 2020 верзиите.
Покрај ова, изворите тврдат дека Apple планира повторно да ја заживее својата iPod линија. Новиот iPod би требало да биде наменет за фитнес ентузијастите, оние кои саакаат да трчаат, односно да џогираат.
Засега, се работи само за гласини, но Mac Otakara во минатото имаше одреден успех во предвидување на идните производи, базирано на информациите кои доаѓаат од синџирот на снабдување, така што во овој случај сигурно постои основа на која се базираат најновите информации.
.