Поголемото понекогаш е подобро, а тоа е точно она што сакаше Lexar да го постигне со новата мемориска картичка. Замислена како картичка за професионални фотографи, Lexar SDXC има капацитет од 1TB, што ќе биде доволно за стотици и стотици висококвалитетни фотографии.
Иако неколку компании веќе најавија мемориски картички со истиот капацитет, Lexar е првата која ја произведе и ја претстави на јавноста.
Со брзина на вчитување од 95MB/s и брзина на снимање од класата V30, Lexar 1TB 633x SDXC UHS-I картичката ќе им помогне на професионалните фотографи да снимаат и сликаат содржини со висок квалитет и во големи количини.
„Пред скоро 15 години, Lexar најави дека ќе произведе SD картичка со капацитет од 1GB. Денеска, возбудени сме што ја најавуваме картичката со капацитет од 1TB во истиот практичен формат. Како што корисниците продолжуваат да бараат поголеми капацитети за нивните камери, комбинацијата од супербрзи перформанси и огромен капацитет им нуди опција на креаторите да снимаат огромни количини на слики и видеа во 4К резолуција“, изјави Џои Лопез, маркетинг менаџер на Lexar.
Врвните перформанси ја натераа компанијата да се опушти со цената, па затоа таа доаѓа во прилично скапо пакување од 500 американски долари.
Поврзани артикли