Според пишувањето на интернет страницата The Information, Amazon планира следната година да претстави платформа за cloud гејминг наменета за паметните мобилни уреди.
Amazon помеѓу гејмерите е познат како сопственик на платформата Twitch на која која корисниците можат да стримаат видео содржина, која ги прикажува нивните потфати, водичи и друга содржина претежно врзана за игри.
Според пишувањето на интернет страницата The Information, компанијата на Џеф Безос се чини сака да направи чекор понатаму и да го засили своето присуство на пазарот на гејмерски содржини и услуги.
Amazon наводно планира сопствена услуга на гејминг преку cloud, која би била специфично наменета за корисниците на паметните мобилни уреди. Игрите би се изведувале преку познатата AWS cloud архитектура, а корисниците би ги играле игрите на своите помалку моќни уреди, како што се паметните телефони, таблети и паметни телевизори.
Amazon веќе почна разговори со некои издавачи, кои своите игри би ги пласирале преку оваа платформа. Следната година е назначена како најрана временска рамка за почеток на работата на оваа платформа.