Неколку посебно напишани WhatsApp пораки, кои содржат правилно напишани интерпункциски знаци и букви, вклучувајќи ги и симболите овозможуваат уривање на WhatsApp апликакацијата, но и на целиот Android оперативен систем. Ова доведува до тоа телефонот и апликацијата моментно да се блокираат.
Пораките се шират на англиски јазик, но лесно можат да се преведат и на други јазици, што оваа измама ја прави интернационална. Поради тоа е важно да ја прегледате галеријата со слики во оваа вест и во никаков случај да не ги притискате пораките со голема црна точка. Оваа точка, всушност, одново и одново му вели на системот на телефонот да го префрла пишувањето од лево надесно, па потоа од десно налево и тоа предизвикува низа операции, кои ја блокираат апликацијата и телефонот.
WhatsApp е свесен за проблемите, но се уште не понуди решение, па внимавајте некое време и секако избегнувајте кликнување на вакви пораки.