Минатата недела се појави фотографија на која наводно Xperia XZ4 куќиштето се споредува со други телефони, а сега појавија неколку нови фотографии од моделот Sony Xperia XZ4. Фотографиите повторно ја потврдуваат големината на претстојниот смартфон и вертикално поставениот систем на камери.
Неколку футроли и зааштитни маски на познатиот производител Olixar ги потврдуваат гласините за долг екран и 21:9 однос на страници, кој би требало да го имплементира Xperia XZ4, како и трите камери поставени вертикално и LED блицот над нив. Сензорот за отпечатоци од прсти ќе биде сместен странично, помеѓу копчињата за звук и вклучување.
Се очекува дека Sony ќе го претстави Xperia XZ4 телефонот во текот на MWC 2019 саемот во Барселона. Засега се знае дека уредот ќе има Snapdragon 855 чипсет, и дека нема да имплементира 3,5 мм приклучок за слушалки.