Дополнителната опција во iOS замислена како помош на лицата со послаб слух дава можност и за злоупотреба.
Еден Американец од Хјустон на Twitter објави интересна функција за која многумина не знаеја дека постои во рамките на iOS, a неговиот твит во многу краток рок вирално се прошири на Интернет. Извесниот твитерџија Арнолд откри дека, имено, iPhone во комбинација со безжичните слушалки на Apple, AirPods, може да се користи како прислушкувач. Но, не онака како што прво би помислиле – дека преку него ве прислушкуваат шпионски агенции – туѕку на начин што со користење на овие уреди вие можете да прислушкувате некој друг.
Целата работа се врти околу можноста AirPods слушалките да им служат како помагало на луѓето со послаб или оштетен слух. Функцијата се вика “Live Listen” и лесно може да се вклучи во постсавките, како што е и прикажано на објавата на Арнолд. Тогаш iPhone станува микрофон (би се рекло – се претвора во уво), и се што се слуша со него се пренсува до поврзаните безжични слушалки.
If u have AirPods ?, u can press “Live Listen” to “On” and leave your phone in the room with someone and u can hear what they saying, thank me later? pic.twitter.com/fC6KYmqpB4
— arnold (@arnoldcrndo) January 9, 2019
Сосема е јасно дека освен како “слушен апарат”, комбинацијата на AirPods и iPhone може да послужи и преку слушалките да слушате што се случува таму каде што ви е мобилниот, додека сте во рамки на досегот на Bluetooth врската. Вклучете го Live Listen, смартфонот оставете го на место каде што сакате да ги фаќате звуците и оддалечете се со слушалките во уши на безбедна далечина – и тоа е тоа, прислушкувачот е поставен.
Некои веќе сугерираа дека ваквата активност можеби и не е сосема легална (khm, GDPR, khm), но и дека би можела да се употреби за разни други, не баш морални или легални активности.
Поврзани артикли