Најмногу електрични патнички возила од марката Tesla на европскиот континент во 2018 година се испорачани на потрошувачите во Норвешка.
За моделите на Tesla години наназад има голема побарувачка во оваа скандинавска земја позната по големиот број на електрични автомобили на улиците, а тоа истото може да се каже и за 2018 година.
Минатата година, во Норвешка се регистрирани вкупно 8.614 нови Model S и Model X, со што оваа земја го задржа приматот во Европа по број на продадени Tesla возила.
На второто место според побарувачката на автомобилите на Tesla е Холандија, каде што во текот на 2018 година се испорачани 8.585 возила.
Како што наведуваат норвешките медиуми, за зголемената продажба на моделите на Tesla во оваа земја значително влијание имаат и компаниите за изнајмување на автомобили како што е Авис, кој во 2018 година купил околу 280 примероци од Model S и Model X
Минатата година во Норвешка речиси секој трет нов автомобил (31,2%) бил со електричен погон. Од вкупно 194.200 возила продадени во оваа земја во 2018 година, дури 60.590 се електрични.