Valeo на саемот за потрошувачка електроника CES во Лас Вегас претстави систем кој ја подобрува видливоста позади за возилата кои влечат приколка.

Мртвите агли кои ги создаваат приколките можат да предизвикаат големи проблеми за возачите, а нивното видно поле е значително ограничено за задниот дел. Но, модерната технологија овозможува инсталирање на дополнителни камери на задниот дел од приколката за да се неутрализира овој недостаток. Едно такво решение е претставено и од францускиот производител на автомобилски делови, Valeo.

Станува збор за XtraVue Trailer системот кој се состои од дополнителни задни камери монтирани на приколката, а чија слика се синхронизирана и се вклопува во приказот на постоечка задна камера на автомобилот.

Комбинираната слика од камерите се прикажува на дополнителен екран кој се наоѓа на централната конзола во салонот на влечното возило.

Valeo овој систем за сега го претставува како дополнителна опрема, а би било идеално ако екранот од дополнителната камера од приколката се вклопи во екранот од фабричкиот мултимедијален систем на автомобилот, што секако можеме да го очекуваме во иднина.

Целиот текст можете да го прочитате на порталот Додај Гас