Претворете го вашиот смартфон во детектор на космички зраци

Вашиот телефон е способен за детектирање на високоенергетски честички од најоддалечените региони на Вселената. Физичарите кои го проучуваат потеклото на егзотични вселенски честички развија нова апликација наречена Крејфис (CRAYFIS) што може да ја претвори глобалната мрежа на паметни телефони во најголем телескоп во светот.

Космичките зраци се ултра-високоенергетски честички од Вселената што „врнат“ на површината на Земјата. Кога ќе дојдат во допир со нашата атмосфера, честичките се распрскуваат и паѓаат на површината како уште помали честички: електрони, фотони и миони. Иако биле откриени пред неколку децении, космичките зраци се ретки и сè уште не го знаеме нивниот извор. И бидејќи тие пристигнуваат толку ретко, потребен е многу голем детектор – на пример, глобална мрежа на телефони – за да се одреди од каде потекнуваат во Универзумот.

„Цели квадратни километри може да се преплават со овие честички за неколку милисекунди“, вели Даниел Вајтсон од Универзитетот во Калифорнија во Ирвин. „Мистеријата е што никој не знае од каде доаѓаат овие луди, високоенергетски честички или што ги прави толку енергични. Но, тие можат да бидат фатени од технологија во камерите на паметните телефони.“

Силиконските дигитални сензори во телефонската камера, во принцип, не се разликуваат од детекторите на честички во ЦЕРН. Сензорите што ги носиме во нашите џебови и торби можат да детектираат видлива светлина, претворајќи ја во слика на екранот за да ја видиме, и како што се покажа, исто така се чувствителни и на потокот од космички честички.

Тимот на Вајтсон спровеле тестови со радиоактивни изотопи на радиум, кобалт и цезиум и сфатиле дека камерите на паметни телефони лесно можат да ги детектираат гама зраците – дури и кога не се насочени кон изворот. Нивниот труд бил објавен на arXiv минатата недела.

Веќе има 1,5 милијарди активни паметни телефони изпоставени низ целиот свет. Само 1000 активни телефони во квадратен километар би можеле да ги детектираат речиси сите високоенергетски космички зраци што ја погодиле атмосферата над нив и покрај ниската ефикасност на секоја од нив.

pСе нарекува Крејфис CRAYFIS од англиското космички зраци пронајдени во смартфоните (Cosmic Rays Found In Smartphones), а апликацијата евидентира кога и каде камерата со џипиес од телефонот ги детектира високоенергетските честички и нивните нивоа. Апликацијата функционира како скринсејвер кој потсетува на сети ет хоум ([email protected]). За да не интерферира со нормална употреба на телефонот или да ја потроши батеријата, апликацијата собира податоци кога Вашиот уред е поврзан со извор на енергија и не се користел неколку минути. Тоа значи дека откако ќе ја инсталирате апликацијата не треба многу активно да учествувате. Податоците ќе бидат испратени до истражувачите преку вифито и ако Вашиот телефон помогне да се соберат податоци што во крајна линија ќе се искористат во научен труд, може да бидете автор на истиот. Или, ако сакате, апликацијата може да работи и во анонимен режим.