Апликацијата WhatsApp за стартување не бара внесување на лозинка или PIN, што значи дека секој има пристап до вашиот налог доколку смартфонот е отклучен. Но, тоа наскоро ќе се промени.
WhatsApp моментно тестира систем на идентификација со отпечаток од прст за верзијата наменета за уредите кои го користат оперативниот систем Android. Кога оваа опција ќе им биде достапна на корисниците, ќе мора да искористат отисокот од прстот за да ја стартуваат апликацијата, односно да го отворат известувањето. Алтернатива на отпечатокот е внесување на PIN. Во овој случај, содржината на вашите пораки и контакти ќе останат скриени зад биометрискиот ѕид.
Новата опција ќе биде достапна на уредите кои го користат оперативниот систем Android Marshmallow и поновите системи. Функцијата се уште е во алфа фаза на развој и ќе бидат потребни уште неколку месеци додека не им биде достапна на корисниците.
Некои смартфони веќе нудат опција на криење на апликајата зад отпечатокот од прст, е меѓу нив се уредите на компаниите OnePlus, Samsung и Xiaomi.