Американскиот производителот на автомобили „Форд“ ќе отпушти илјадници работници, ќе го прекине производството на неколку модели и ќе затвори еден производствен погон во Европа пред започнувањето на можната соработка со водечката компанија на пазарот, „Фолксваген“.
Од „Форд“ ваквите промени ги најавија во четвртокот, велејќи дека истите се дел од нивното глобално реструктурирање на компанијата, кое ќе чини 11 милијарди долари. Тие исто така највија и дека ќе го прекинат производството на непрофитабилните модели и ќе ја променат својата стратегија во тешките регионални пазари, како Русија.
„Преземаме одлучни мерки за да го трансформираме нашиот бизнис во Европа“, изјави Стивен Армстронг, претседателот на „Форд“ за Европа, Блискиот Исток и Африка.
Компанијата во јули најави дека ќе потроши 11 милијарди долари во наредните три до пет години за преструктуирање на својот бизнис низ целиот свет.
Иако „Форд“ остварува огромен профит во САД, компанијата заостанува зад своите конкуренти во Европа и Латинска Америка. Во првите девет месеци од 2018 година, „Форд“ претрпе загуби од 199 милиони долари во Европа, за разлика од истиот тој период една година претходно, кога компанијата оствари приход од 278 милиони долари.