Кон крајот на минатата година претседателот на компанијата Xiaomi, Лин Бин најави смартфон со камера од 48 мегапиксели, а сега тој уред е официјално претставен во јавност.
Станува збор за смартфон кој припаѓа во основните модели на Redmi брендот наречен Redmi Note 7. Многу е сличен на поевтината верзија на моделот Mi Play кој беше претставен пред неколку седмици, шарен заден панел каде е сместен сензорот за отисок на прстот, како и две задни камери. Станува збор за главната камера од 48 мегапиксели и втората камера од 5 мегапиксели.
Инаку, Redmi Note 7 има 6,3 инчен екран со резолуција од 1080p и формат 19.5:9, процесор Snapdragon 660, селфи камера од 13 мегапиксели, батерија од 4.000 mAh, УСБ порт и приклучок за слушалки.
Минатата седмица директорот Леј Џун најави дека Redmi ќе функционира како независен бренд со фокус на пристапност, додека Xiaomi ќе се фокусира на уреди со средни и високи спецификации.
Redmi Note 7 со 3 GB рам меморија и интерна меморија од 32 GB чини 150 долари, додека цената за 6 GB меморија и интерна меморија од 64 GB околу 200 долари.
Извор: Klix.ba