Samsung потврди дека Galaxy S10 ќе пристигне на првиот годинашен UNPACKED настан пред MWC саемот во Барселона!

Ретко кој се надеваше на ова, но Samsung нема да ги претстави Galaxy S10 моделите на најголемиот Саем за мобилна технологија во светот во Барселона, туку неколку дена претходно во Сан Франциско, на првиот годинашен UNPACKED настан.

Galaxy S10 ќе биде откриен на 20. февруари, а медиумите шпекулираат дека тогаш ќе бидат прикажани три S10 модели, додека Galaxy S10 5G верзијата ќе биде најавена, но во продажба ќе се најде подоцна во текот на 2019. година. Покрај тоа, се очекува за прв пат да биде претставен функционален Samsung телефон со екран на свиткување.

Серијата Galaxy влегува во својата десетта година и ова би требало да биде спектакл на Samsung што ретко се гледа, па се радуваме на големата премиера, која ќе биде пренесувана преку YouTube каналот на Samsung.

Според пишувањето на некои IT медиуми, Galaxy S10 5G би требало подетално да биде претставен баш на MWC во Барселона, кога компанијата наводно ќе ги објави своите 5G планови, сервиси и први уреди.